Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ВРНЕЖЛИВО И ТМУРНО ЦЕЛА НЕДЕЛА – Метеоцентар со детална прогноза за времето во следните 4 дена

Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m².

До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата.

Прогноза за 06.01.2026
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Променливо облачно кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.01.2026
Минимална температура: 4 до 10°C
Максимална температура: 7°C до 12°C

Променливо облачно попладне со повремени локални врнежи од дожд (над 20 l/m²). Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 08.01.2026
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ ВО НОВ ХОРОР: 27 годишник ја уби сопствената мајка, па отиде да се пријави во полиција

ДЕСК

Мицкоски на политичко-економска посета во Република Унгарија

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК