Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жената која е осомничена дека го прегази Горан доби забрана за напуштање на живеалиштето, обвинителството поведе постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

Со предниот десен дел од возилото удрила во телото на пешакот Горан И. кој се движел покрај десниот рабник вдолж коловозот, во истата насока пред автомобилот, иако бил должен како пешак да се движи по тротоарот. Од ударот пешакот се здобил со повреди од кои починал на лице место.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за вештачења со цел утврдување на сите околности на сообраќајната несреќа, а во меѓувреме за осомничената се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште и одземање на патната исправа.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК