Centar.mk
СВЕТ

Родригез: Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, говорејќи на државната телевизија на шпански јазик, ги повтори повиците за ослободување на Мадуро и неговата сопруга.

Таа повика на смиреност и единство за одбрана на земјата во контекст на, како што рече, „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниту една нација.

Родригез зборуваше од Каракас заедно со својот брат, претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабелјо и министрите за надворешни работи и за одбрана.

Родригез истакна дека Николас Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“ и побара од САД да го ослободат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Потсмевањето на Трамп беше првата грешка на Европа

C +

Украина со најсилен напад со дронови досега – Русија тврди дека пресретнала 398 летала

C +

САД го зголемуваат производството на оружје поради војната на Блискиот Исток

C +