Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

УЈП се пофали: Собрани се 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и придонеси

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.

Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5%, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст.

Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30%.

Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10%, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.

Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5%.

Овие резултати се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки.

2026 година УЈП ќе продолжи со активности за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК