Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: АКТ ја продолжува борбата за правда, секој што прекршил закон мора да понесе одговорност!

Соопштение на СДСМ:

Антикорупцискиот тим на СДСМ внимателно го следи постапувањето на институциите. Случајот за којшто е покренато обвинение против „Марковски компани“, сопственикот на оваа компанија и други лица мора до крај да биде расчистен и секој што го прекршил законот да одговара.

АКТ силно ги поддржува акциите против криминалот и корупцијата кои се транспарентни, издржани и поткрепени со докази.

Но, јавно предупредуваме дека досега, Обвинителството, ДКСК, Финансиската полиција немаат преземено ништо за објавените скандал и поднесените пријави за криминал и корупција од страна на АКТ на СДСМ.

161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други чекаат институционална реакција и одговорност.

Јавното обвинителство да не ги штити функционерите на власта, туку да отвори предмети и да постапува согласно законите и доказите.

Секој што се прекршил законот мора да понесе одговорност!

СДСМ ја продолжува борбата за правда, против криминалот и корупцијата.

Работата не е завршена.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ОПРЕМА – Четири здравствени дома добиваат амбулантни возила

ДЕСК

ВОЗАЧИ, ОСТАНУВААТ УШТЕ ШЕСТ ДЕНА – Од 15 ноември задолжителна е зимската опрема, еве што мора да имате

ДЕСК