Centar.mk
БИЗНИС

Покачување на пензиите од април за 1.000 денари, колку што чинат 5 килограми краставици

Сите пензионери ќе добијат илјада денари покачување од април со мартовската пензија.

Покачувањето и овој пат ќе биде линеарно, а не процентуално и системски.

За едни зголемувањето на пензијата за 1.000 денари е доволно, но други пензионери велат дека со толку пари може да се купат 5 килограми краставици или 2 кг месо.

Премиерот Христијан Мицкоски и вчера и денеска го најави ова покачување.

– 150.000 пензионери, пред да почне ова линеарно зголемување, имаа пензии кои што беа околу 10 до 12 илјади денари. 150.000 пензионери од 330.000. Што значи дека тие сега веќе, со овие 7.000 денари линеарно зголемување, немаат пензија која што е, која што е под 15.000 денари, односно тие се движат од 17 до 19.000 денари, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +