Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата, на Командата за обука и доктрини ѝ врачи едиција на книги од различни области, кои, како што истакна „ќе го потенцира критичкиот поглед кон она што се случува во светот и со тоа војниците ќе станат посилни, учени и толерантни луѓе.“ Оваа едиција на книги се наменети за збогатување и унапредување на книжевниот фонд на Централната воена библиотека во Скопје, која е составен дел од оваа команда.
Посетата традиционално заврши со заеднички ручек на претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски со војниците и старешините во касарната „Алексо Демниевски Бауман“.

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ги посетија припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова од страна на командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Лулзим Нуредини, беше информирана за мисијата и задачите на командата, а потоа и непосредно се запозна со дел од нејзините капацитети, вклучително Центарот за обука и дресура на кучиња, Центарот за симулации и Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции.

Во оваа прилика претседателката Сиљановска-Давкова ги посети и новопримените професионални војници кои ја реализираат основната воена обука во оваа касарна. Честитајќи им ги новогодишните празници, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е среќна што новата година и започнува помеѓу припадниците на Армијата, потенцирајќи дека, според прикажаното, големата љубов и интересот за оваа професија е она што ги натерало војниците толку брзо да се адаптираат на новата средина.
Претседателката Давкова го изрази и своето задоволство од презентираното во текот на посетата наведувајќи: „Армијата е една импресивна институција, која што има визија, која има добро определена мисија, знае што прави во сите центри, која знае каде сака да стигне и со овие млади луѓе има загарантирана иднина“, при тоа нагласи дека денешната посета е уште една потврда зошто Армијата е една од институциите кои уживаат највисок углед.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата, на Командата за обука и доктрини ѝ врачи едиција на книги од различни области, кои, како што истакна „ќе го потенцира критичкиот поглед кон она што се случува во светот и со тоа војниците ќе станат посилни, учени и толерантни луѓе.“ Оваа едиција на книги се наменети за збогатување и унапредување на книжевниот фонд на Централната воена библиотека во Скопје, која е составен дел од оваа команда.

Посетата традиционално заврши со заеднички ручек на претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски со војниците и старешините во касарната „Алексо Демниевски Бауман“.

фото Кабинет на Претседател

Можеби ќе ве интересира

30 годишна скопјанка нападната од друга женска личност пред познат локал во центарот на Скопје

ДЕСК

Групна тепачка во центарот на Скопје во која учествувале тројца скопјани и еден Германец

ДЕСК

Апсење на радовишанец во Скопје: Се тепал со тројца скопјани и агресивно се однесувал

ДЕСК