Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари работна посета на Општина Кавадарци во која направи увид на повеќе инфраструктурни проекти од исклучително значење за Кавадарци и регионот како градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара, пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар, увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле и увид во градежни активности на изградба на затворен базен.
„Ја почнуваме оваа 2026 година овде во Кавадарци да направиме увид на реализирање на неколку инфраструктурни проекти од исклучително големо значење за Кавадарци, но и за регионот како што кажа и градоначалникот“, изјави тој и дополни:
„Им честитам и на градоначалникот и на министерот за млади и спорт, да се заблагодарам на советниците, на администрацијата во општина Кавадарци, во министерството, да се заблагодарам на пратениците кои што доаѓаат од Кавадарци кои што се борат за проект повеќе за Кавадарци, за кавадарчани, за Тиквешијата. Да посакам набргу од денес сите овие проекти на кои правиме увид да бидат завршени и свечено да ги пуштиме во употреба. Тие ќе бидат додадена вредност во квалитетот на животот, не само на кавадарчани, туку и генерално на Тиквешијата.“


