Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ФИЛИПЧЕ НАЈВЕРОЈАТНО НЕ Е ВО ДУБАИ: ВМРО ДПМНЕ посочи нови локациски точки за тоа каде лидерот на опозицијата со семејството ќе ја дочека Новата година

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме дали Венко заедно со нивниот лидер Зоран Заев се на зимување по луксузните и прескапи алпски зимски центри?

Дали Филипче со Заев најпрвин биле да изиграваат елита во Сент Мориц, а потоа се луксузирале и во Гармиш-Партенкирхен?

Дали Новата година ќе ја прослават во Гармиш-Партенкирхен за да следат скијачки скокови за да фатат дел од познатата турнеја Четири скокалници?

А кога сме кај златната виза од Дубаи, не само што СДС признаа дека Венко ја поседува, туку зедоа да се објаснуваат колку истата чини и во каква валута е платена, па останува уште да кажат дали е поврзана со изградбата на 42-катницата и како успеа со докторска плата да ја купи?

И за крај, нормално дека СДС ќе знаат каде настапува Харис Џиновиќ, ние само ги прашавме дали ќе им пее на Заев и Филипче, ама тие како верни фанови му ја следат кариерата.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК