Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

Соопштение на СДСМ:

Толку многу лажат од ВМРО што веќе и самите се загубија во сопствените лажни вести.

Поскапе и „визата“, преку ноќ. Еден ден велеа дека чинела половина милион долари. Вчера веќе не се половина милион – стана половина милијарда. Ама евра. А велеа долари.

На лагите им нема крај.

Во паника, сега го вмешуваат и Харис Џиновиќ. А само со едно пребарување и таа лага се демантира, Харис за Нова Година гостува во Херцег Нови (Црна Гора).

Толку е ВМРО изгубена и лажна.

Причината е јасна: ДЕФОКУС од криминалните тендери и мигранти за пари.

Ова веќе не е само политичка манипулација – ова е директна навреда на интелигенцијата на сите македонски граѓани.

Туку, кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК