Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Со ваква итроштина двајца ограбиле пензионер во Скопје, а кога тој забележал дека останал без 5000 евра веќе било предоцна

На 30.12.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријави дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра. Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.

Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав

ДЕСК

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

ДЕСК

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК