Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СЕРИЈА АПСЕЊА НА БЛАЦЕ, ВО ШТИП И СКОПЈЕ: МВР со детали

На 30.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода четири лица на возраст од 23 до 37 години, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 30.12.2025 во 17:45 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници лишија од слобода маж(69) од с.Радуша, општина Сарај, затоа што при гранична контрола и проверки е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој е предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

СВР Штип поднесе кривична пријава против маж(47) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени марихуана и МДМА таблети.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав

ДЕСК

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

ДЕСК

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК