Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На планинскиот премин Ѓавато има остатоци од смрзнат снег.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


