Од Фондот на ПИОМ стигна известување за сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.
Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјална сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите.
За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија. Поради тоа што 1-ви јануари е неработен ден (државен празник), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година.
Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи Фондот на ПИОМ веќе ги достави до сите деловни банки, со што се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење, се вели во соопштението на Фондот.
Халк Банк веќе ги исплати пензиите
Како општествено одговорна компанија која тоа го прави редовно и овој месец ХАЛК БАНК им излезе во пресрет и ги усреќи пензионерите, па така сите корисници на оваа наша банка пензиите ги имаат на своите сметки од вчера.
Оваа информација ја соопшти ХАЛКБАНК вчера на социјалните мрежи.


