Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

Државниот пазарен инспекторат со засилени инспекциски надзори во декември

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава со цел утврдување на почитување на законските одредби од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.

Во наведениот период извршени се вкупно 542 инспекциски надзори, односно 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.

При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност.

Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните. Упатуваме апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски кои се однесуваат на нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК

Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок

ДЕСК

НЛБ Банка го започна Лидерскиот состанок во Охрид со општествено одговорна акција

ДЕСК