Centar.mk
РЕГИОН

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се ограничени од 1 јануари до 31 јануари 2026 година.

Во текот на овој едномесечен период, левото и еврото ќе бидат во оптек истовремено, при што обете валути ќе имаат статус на законско средство за плаќање. Ова го објави Бугарската народна банка, пренесе бугарски „Фокус“.

После тоа, од 1 февруари 2026 година, еврото ќе остане единствена валута на Бугарија.

Луѓето ќе можат да продолжат да менуваат лева, доколку сè уште ги имаат, во БНБ, во комерцијални банки или во пошти (во населби каде што нема канцеларии на комерцијални банки).

Бугарија од 1 јануари влегува во еврозоната, и почнува да го користи еврото за плаќања во земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хрватска испраќа авиони за евакуација на своите граѓани од Дубаи поради воената ескалација на Блискиот Исток

ДЕСК

Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“

C +

Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани

C +