Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Соопштение на СДСМ:

Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода.

Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“.

Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.

Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.

Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?

За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Не проаѓаат измислени оправдувања, потребна е одговорност.

СДСМ ги повикува ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага за најновиот скандал што го откри АКТ.

Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер?

Одговорност мора да има.

Можеби ќе ве интересира

Утрово, најстудено во Крушево, измерени -8 степени

C +

АПСЕЊА НА ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО: Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп

ДЕСК

Водата во Скопје безбедна за пиење

ДЕСК