Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување на ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“, е испорачан на армијата вчера. Системот се нарекува „Железн Зрак“.
Системот, кој успешно пресретна ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала за време на обемни тестирања, ќе биде преземен од воздухопловните сили и интегриран во повеќеслоен систем за воздушна одбрана, заедно со постојните системи „Iron Dome“, „David’s Sling“ и „Arrow“.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го нарече предавањето „историски момент“, велејќи дека тоа е „прв пат во светот систем за пресретнување со ласер со голема моќност да достигне оперативна зрелост“. Тој додаде дека системот „ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте“.
Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката „означува премин од фазата на развој кон сериско производство“, нарекувајќи го „Железниот зрак“ „само почеток на технолошка револуција“. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените способности на Израел, но и односот на трошоците помеѓу заканите и скапите пресретнувачи./Извор:Makfax


