Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

АПСЕЊА НА ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ ПРЕБРЗО: Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода маж(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 11:50 часот на регионалниот пат с.Желино-с.Јегуновце -с.Сиричино во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода маж(41) од с.Слатино, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 12:18 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода маж(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 12:58 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода маж(25) од Албанија. При контрола со радар е констатирано дека управувала патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки со брзина од 189 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

На 28.12.2025 во 14:44 часот на патот Тетово – Гостивар, на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода маж(19) од с.Вејце, тетовско. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

На 28.12.2025 во 13:33 часот на магистрален пат во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода маж(41) од с.Ливада, струшко. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во15:51 часот на магистрален пат во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода маж(29) од Турција, со престој во Скопје. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.

На 28.12.2025 во 15:37 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода маж(20) од Прилеп. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

C +