Centar.mk
СВЕТ

Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен

Волкот од зоолошката градина Тама во западен Токио, кој утрово избегал од својот ограден простор, е фатен, објави „Јапан тајмс“.

Чувар на зоолошка градина го пријавил инцидентот во паркот утрото и немало извештаи за повредени, објави јапонскиот медиумски сервис НХК. Откако потврдиле дека волкот останал во паркот, чуварите го фатиле.

Зоолошката градина ги повика посетителите кои веќе биле во паркот да останат на безбедни места и им го суспендирале влезот на другите.

Посетител од Хигашијамато во Токио за НХК изјавил дека влегол во зградата во близина на влезот откако слушнал за бегството на волкот.

„Кога ги видов полициските автомобили, го прашав чуварот на зоолошката градина што се случува. Се прашувам како избегал“, рече тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Чешка: му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

C +

Здравствена тревога во Италија: Сомневање за ебола кај двајца повратници од Африка

C +

САД повторно го нападна Иран

C +