Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу повеќе возила во Струмица, има повредени

На 28.12.2025 околу 01:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Ново Село, во близина на село Дабиле, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ц.(42) од село Добрашинци, струмичко, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Дражево, струмичко и патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(39) од село Турново, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ц., а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК