Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ со нова бомба: Фрима на советник од ЗНАМ добила 1,2 милиони евра тендери

АКТ денеска објави нова бомба која се однесува на криминални тендери на власта поврзана со милионски суми.

Во новата бомба АКТ изнесе докази како фирма на советникот од ЗНАМ, Сашо Петровски, добила 1,2 милиони евра тендери од Пошта.

– Фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта на Северна Македонија во вредност од 1,2 милиони евра за услуги на чистење и одржување хигиена, посочи Рената Младеновска, член на ИО на СДСМ, денешната прес конференција.

Таа додаде дека фирмата немала работници, претходно реализирани договори, и искуство во оваа област, не ги исполнувала основните услови за аплицирање наведени во тендерската документација во тој момент. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Освен тоа, немала ни потребната техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана за изведувач на тендерот.

-Како е возможно ова? Во групната понуда на оваа фирма се појавува и подизведувачот „Серта“, компанија со долгогодишно искуство во областа на хигиената, што може да претставува сомнителен маневар за заобиколување на условите. Но, тука не завршува сè. Само 20 дена по доделувањето на тендерот, на 24 ноември 2025 година, нов сопственик на фирмата станува Сашо Петровски. Како фирмата да била основана исклучиво за да ја добие оваа јавна набавка.
Извесен Сашо Петровски е советник од ЗНАМ во Општина Кисела Вода. ВМРО и ЗНАМ си детал тендери, рече Младеновска.

– АКТ продолжува со откривање на сите скандали и криминални тендери, кои се користат за испумпување на парите од граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Четири малолетници од Скопје уапсени од интервентна – краделе низ главниот град

ДЕСК

Понудил поткуп, веднаш е уапсен

ДЕСК

Драматично утро кај Требеништа: сообраќајка со три возила, повредени и апсење

ДЕСК