Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Драматично утро кај Требеништа: сообраќајка со три возила, повредени и апсење

На 27.12.2025 во 10:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изградба Охрид – Кичево, кај влезот за селото Требеништа, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Охрид, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 59-годишно лице од Скопје и патничко возило „рено канго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 67-годишно лице од селото Требеништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило 59-годишно лице од Скопје, сопатник во возилото „хјундаи“, а со телесни повреди се здобил и возачот на „хјундаи“, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и по преземени мерки, во 12:55 часот од слобода е лишен возачот на „рено меган“, откако било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,25 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава по член 300 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК