Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ ДО -10 СТЕПЕНИ: Какво ќе биде времето на новогодишната ноќ?

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 29.12.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 10°C

Утрото ведро и студено, преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.12.2025
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Утрото ведро и студено, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.12.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК