Centar.mk
СВЕТ

Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси

Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД.

Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови – речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд.

Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот.

Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.

Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +