Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Разотокривање – Во паника се прават грешки

Соопштение на СДСМ:

Како што веќе најавивме, се води кампања за обид за дестабилизација на СДСМ одвнатре, од страна на ВМРО, а координирана од центарот на СНС.

Зошто се прави сето ова?

Затоа што АКТ изнесе компромитирачки податоци за криминал и корупција, чијшто пипци се протегаат од СНС до ВМРО. Овој октопод е инструирана од СНС и во целост управува со коалицијата ВМРО/ЗНАМ.

По објавите и податоците за Алта банка, оваа група започна кампања со цел да го урне кредибилитетот на СДСМ. Бидејќи во тоа не успеаја, затоа што податоците и вистината победуваат, преминаа во втора фаза – напад врз СДСМ одвнатре.

Граѓаните можеа да ги видат нападите од поранешен висок партиски функционер, па потоа иницијативи од двајца поранешни функционери на партијата кои не се појавиле јавно, па други тотално неважни ликови кои веќе не се ниту во СДСМ туку заминале во ЗНАМ.

Денес претседателот Филипче зборуваше на брифинг со медиумите за ова и дури наведе и планирано финансирање на поединци кои функционираат во рамки на мала група внатре во нашата партија.

Денес имаме и посебен пример: еден наш член, по неуспешното вчерашно медиумско обраќање, ја продолжува кампањата во еден значаен и релевантен медиум со тврдења дека СДСМ го сменил начинот на комуникација и дека тоа не му прилега.

Неполни две минути по овој текст, веќе излегува однапред подготвен текст на истата тема (сега целосно видливо) на еден од познатите портали, на Геро.

Значи или овој наш член одговорите ги пратил и кај Геро или во координација со него се пишувани неговите одговори.

На овој начин тие самите го нарушија и угледот на релевантниот медиум каде што излезе авторскиот текст.

Да не побрзаа и да почекаа барем малку, еден час по објавата на првиот текст, некој можеби и ќе поверуваше дека такво нешто е можно.

Вака, сè е кристално јасно. Невозможно е да се напише толку обемен текст за толку кратко време, а уште помалку да се уреди и објави на портал. Сами се разоткрија – со сопствена грешка во чекорите.

Ова е уште едно РАЗОТКРИВАЊЕ, во кое СДСМ повторно покажа како функционира кујната на лаги на ВМРО.

Во паника се брза, а тоа носи грешки. Ни овој пат не ви помина. Граѓаните веќе сè знаат.

Ќе ви кажеме само едно – една стара народна изрека вели: „На лагата и се кратки нозете“, а кај вас – уште пократки!

Нема да ви помине. Вистината и правдата ќе победат.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Починат вработен во Бригадата за противпожарна заштита во Скопје

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ, ПРИВЕДУВАЊА И АПСЕЊА ВО ВЕЛЕС, СТРУМИЦА, СКОПЈЕ, КИЧЕВО: Најмалку десет приведени на различни локации низ Македонија

ДЕСК

Комисијата за стручен надзор за случајот на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

ДЕСК