Centar.mk
СВЕТ

Руте не се согласува со предлозите за европско НАТО без САД

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Европската Унија не треба целосно да стане независна од Соединетите Американски Држави кога станува збор за одбраната, и покрај очекувањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да преземе поголема одговорност и да вложува повеќе средства.

Во интервју за германската агенција dpa, Руте истакна дека е „апсолутно уверен“ оти САД остануваат целосно посветени на НАТО. Тој посочи дека европските земји ќе трошат повеќе за одбраната и ќе преземат поголема улога, но нагласи дека тоа треба да се прави заеднички со САД.

Руте потсети на самитот на НАТО во Хаг, одржан во јуни, каде што сојузниците се согласија постепено да ги зголемат одбранбените трошоци на 5 отсто од БДП до 2035 година, оценувајќи го тоа како значаен надворешнополитички успех на Трамп.

Осврнувајќи се на повиците Европската Унија да се развие во „европски НАТО“, Руте изјави дека не се согласува со таквиот пристап, нагласувајќи дека НАТО и Европа не се сведуваат само на ЕУ. Тој посочи дека 23-те земји членки на ЕУ во НАТО сочинуваат околу една четвртина од економскиот капацитет на алијансата, додека „75 проценти од економскиот ефект е надвор од ЕУ“, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Норвешка, Канада и САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК