Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година, тоа сигурно ќе се случи во 2026. Тој оценува дека еуфоријата поврзана со вештачката интелигенција е надувана со финансии од Силиконската Долина, со сериозни економски и геополитички последици.

Бер наведува дека „Опен ВИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, за неколку години стана еден од клучните играчи во глобалната економија, со огромни инвестиции од технолошките гиганти. Извршниот директор Сем Алтман признава дека делови од индустријата се во меур, а Џеф Безос вештачката интелигенција ја нарекува добар вид меур.

Авторот предупредува дека трката за општа вештачка интелигенција меѓу САД и Кина ги засилува геополитичките тензии и ја намалува подготвеноста за глобални правила и контроли. Во отсуство на меѓународно управување, светот, според него, е препуштен на интересите на технолошките корпорации и авторитарните системи.

Бер укажува и на ризиците од сегашните модели на вештачка интелигенција, како халуцинации, пристрасност и намалување на квалитетот на информациите, предупредувајќи дека вистинскиот меур не се вреднувањата, туку егото на индустријата. Заклучува дека се приближува момент кога ќе мора да се одговори на клучното прашање: дали вештачката интелигенција ќе му служи на човештвото – или обратно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фејсбук тестира наплата за споделување линкови

C +

Пет совети за да избегнете измама на интернет

C +

„Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска

C +