Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Среќен Божиќ на сите, дури и на лошите радикални левичари

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници.

„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат.

„Повторно нè почитуваат, можеби како никогаш досега. Боже, благослови ја Америка!!!“, додаде Трамп.

Во категоријата „радикална левица“, со својот остар стил, Трамп често ги вклучува сите демократи и политички противници. Тој божиќните празници ги поминува во својата резиденција на Флорида./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК