Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, и бродовите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека танкерите за нафта запленети од САД покрај брегот на Венецуела ќе останат во посед на САД.

На прашањето на новинарите за нафтата на првиот танкер запленет на 10 декември, Трамп рече: „Ќе ја задржиме“. Тој додаде дека нафтата може да се користи за стратешки резерви.

„Исто така, задржуваме и бродови“, рече Трамп.

Крајбрежната стража на САД заплени два танкера за нафта на Карибите во декември, а медиумските извештаи велат дека трет брод, за кој се верува дека е дел од таканаречената флота во сенка, што ја користи Венецуела за заобиколување на санкциите, е под надзор од неделата.

Минатата недела Трамп на „Тру соушал“ објави дека ќе воведе „целосна и комплетна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

ДЕСК

Зеленски до Европа: Испративте 40 војници на Гренланд? Тоа е урнебесно

ДЕСК

Tрамп испрати порака до Путин

ДЕСК