Centar.mk
СВЕТ

Макрон: Го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес изјави дека во Нук ја потврдил „непоколебливата“ поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд.

„Гренланд им припаѓа на своите граѓани, а Данска е негов гарант. Се придружувам на гласот на Европејците во изразувањето на нашата целосна солидарност“, рече Макрон на Икс.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на почетокот на својот втор претседателски мандат, во јануари оваа година, изјави дека има намера да го преземе Гренланд, наведувајќи ја како објаснување неговата стратешка позиција за безбедноста на Соединетите Американски Држави, додека Данска, која ја контролира таа арктичка територија во последните 300 години, одби да се откаже од Гренланд, пренесува Танјуг.

Трамп се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв претседателски мандат, но данската и гренландската влада ја отфрлија таа понуда од 2019 година, потсетуваат медиумите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

AI-ПРОГРАМА ГО ОБВИНИЛА ПИСАТЕЛОТ, НО ДОКАЗИТЕ ПОКАЖАЛЕ ДРУГО – Наградата му останува

ДЕСК

ХРАНАТА ПОСКАПЕ ЗА РЕЧИСИ 9 ПРОЦЕНТИ – Инфлацијата во Индија достигна двегодишен максимум

ДЕСК

АВТОМОБИЛ-БОМБА УБИ РУСКИ ПОЛКОВНИК – Експлозија кај Санкт Петербург

ДЕСК