Centar.mk
РЕГИОН

Рама објави укинување на забраната за ТикТок во Албанија

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија.

Во интервју за „Политико“, Рама истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека наскоро ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во таа земја.

„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.

Албанската влада го забрани ТикТок пред една година, кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

C +

Вучиќ: Србија се подготвува да биде нападната од Приштина, Тирана и Загреб; Државата купи суперсонични ракети од Кина

C +

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +