Centar.mk
БИЗНИС

Ново намалување на цената на горивата – РКЕ со нова одлука

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Трамп потпиша указ за нови царини од 10 проценти на глобално ниво

C +

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

C +

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

C +