Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денес беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски, истакнат творец чија работа е препознаена и ценета на национално и меѓународно ниво.

Настанот беше проследен од бројни љубители на ликовната уметност, кои имаа можност да уживаат во делата на Трајковски и да се запознаат со неговото богато творештво. Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.

Посетителите имаа можност да погледнат околу педесет дела создадени во техника акрил и масло на платно, преку кои авторот ги преточува темите што ја обојуваат неговата долгогодишна творечка практика.

Општина Илинден, во рамки на својата континуирана заложба за поддршка и развој на културата, и понатаму ќе ги поддржува уметниците кои творат на нејзина територија, како и културните манифестации што ја збогатуваат заедницата и ја промовираат уметноста.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК