Centar.mk
СВЕТ

Странски турист испадна од кабина на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора

Еден странски турист загина, а тројца се спасени во несреќа на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора. Тамошните медиуми објавија дека двајца германски државјани испаднале од својата кабина, од кои еден починал, додека неговата сопруга е тешко повредена.

По неколкучасовниот прекин на работата на жичницата поради несреќата, спасени се тројца странски туристи кои беа заглавени на стрмниот и непристапен дел на скијалиштето на Дурмитор. Тие беа заглавени во горниот дел на жичницата, каде што температурите се пониски.

Црногорските медиуми објавија дека несреќата се случила откако жичницата поради дефект тргнала наназад, при што двајцата Германци испаднале од кабината./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дмитриев: „Тешки времиња ја очекуваат Европската Унија“

C +

Иран: Ормускиот теснец не е затворен за сите

C +

Руски функционер во регионот Луганск: 41 рудар заробен под земја по украинскиот државен удар

C +