Centar.mk
СВЕТ

Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.

Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.

– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.

Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +