Centar.mk
СВЕТ

Во Кина е издадено црвено предупредување поради снежни бури

Метеоролошката опсерваторија на кинеската покраина Хејлонгѓанг денес издаде црвено предупредување, највисоко ниво во кинескиот систем за предупредување од четири нивоа, поради очекувани снежни бури. Во текот на изминатите девет часа, снежните врнежи достигнаа 18,3 милиметри во градовите Вудалианчи и Ненѓанг, објави Синхуа.

Во наредните часови се очекуваат дополнителни шест до осум милиметри снег, со вкупни врнежи што надминуваат 20 милиметри во период од 12 часа.

Новите снежни врнежи би можеле да достигнат помеѓу 15 и 25 сантиметри, а силните врнежи од снег до 17,1 метри во секунда ќе создадат наноси и значително ќе ја намалат видливоста, истакнуваат метеоролозите.

Властите предупредуваат дека снежните врнежи и мразот ќе го отежнат сообраќајот, со можни блокади на одредени делови, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +