Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „360 Степени“ објасни дека актуелната власт манипулира со економските бројки и лажно прикажува раст на бруто домашниот производ, додека реалноста е дека граѓаните имаат сè помалку пари.

„Дали знаете дека 2/3 од нашиот бруто домашен производ се должи на персоналната потрошувачка и самиот раст на цените односно инфлацијата влијае на тоа да бруто домашниот производ расте?“, посочи Филипче.

Тој нагласи дека вистински и одржлив економски раст се создава преку капитални инвестиции со додадена вредност, кои ја зголемуваат продуктивноста, а не преку инфлација и поскап живот.

„Тоа е формулата, кој капитален објект или капитална инвестиција ја имаме, нешто што ја зголемува продуктивноста и нешто што има додадена вредност којашто вистински го зголемува бруто домашниот производ“, изјави Филипче, додавајќи дека ваквиот раст кај нас изостанува.

Според него, структурата на БДП јасно покажува дека сегашниот „раст“ не е резултат на подобра економија, туку на зголемени трошоци за граѓаните.

„Нашиот бруто домашен производ се должи на персонална потрошувачка. И вие кога немате раст на плата како што немате, а растат цените како што растат, тогаш повеќе трошите. Тоа е суштината на растот каква Данска, трета земја, каква Франција. Тоа е манипулација на премиерот и на министерката за финансии“, рече Филипче.

Филипче порача дека граѓаните најдобро ја знаат вистината, без разлика на тоа што покажува статистиката.

„Па граѓаните знаат колку пари имаат во фрижидер. И прашајте ги нив дали расте 3,8 или 4% БДП. Немаат пари луѓето. А оваа власт не се грижи за да се зголеми приходот“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК

СДСМ: Сè е поклопено: Мицкоски и ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и судството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.