Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј.

„Она што го видовме вчера беше чин на чисто зло“, рече австралискиот премиер Ентони Албанез.

„Тоа беше чин на антисемитизам, чин на тероризам на наша почва, на една од најзначајните локации во Австралија – плажата Бонди“.

Тој рече дека местото ќе биде засекогаш обележано од злобата на антисемитизмот.

Тој додаде дека знамињата во целата земја денес ќе бидат спуштени на половина копје.

„Вчера беше навистина мрачен ден во историјата на нашата нација. Но, ние како народ сме посилни од кукавиците што го направија ова“, рече Албанез.

Тој продолжи: „Австралија никогаш нема да се предаде на поделбите, насилството или омразата и заедно ќе излеземе од оваа трагедија. Нема да им дозволиме да нè поделат како нација“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија

C +

Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“

C +

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК