Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ШТАЛА ВО СКОПЈЕ: Има повредени во невообичаената тепачка

Како што соопшти полицијата околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице(24), лице(21) и лице(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 59 годишник., додека со повреди се здобиле две други лица, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +