Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ порача дека партијата влегува во нова фаза на политичко дејствување, во која фокусот повеќе не е само на изборниот циклус, туку на суштинска промена и враќање на државата во рацете на граѓаните.

-Веќе не се спремаме за избори. Се спремаме да ја вратиме власта во рацете на граѓаните, затоа што сме свесни дека државата вака само ќе заглавува. Ова, граѓаните веќе почнуваат да го препознаваат. Морам да кажам дека ние се спремаме за победа на следните парламентарни избори., истакна Филипче.

Говорејќи за можностите за пошироко политичко обединување, претседателот Филипче нагласи дека СДСМ е отворен за разговор со сите политички субјекти, но само врз јасно дефинирани стратешки позиции. Прашан дали е можно тоа да биде со Левица Филипче одговори дека се зависи од стратешките позиции за напредокот на државата, во однос на евроинтеграциитеи во однос на НАТО.

Тој порача дека борбата на СДСМ е борба за демократијата, за слободата и за држава што ќе им служи на граѓаните, а не на партиските и личните интереси.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК