Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј

Најмалку 10 лица загинаа во пукaње што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Пукањето се случило за време на прославата на еврејскиот празник Ханука. Очевидци за „Скај њуз“ изјавија дека се слушнале околу 50 истрели, додека стотици луѓе во паника бегале од местото на настанот.

Еден од напаѓачите бил убиен на лице место, додека другиот е ранет и се наоѓа во притвор.

На терен веднаш интервенирала полицијата и службите за итна медицинска помош, со десетици амбулантни возила собраани на паркингот Норт Бонди Централ.

Локалните власти ја истражуваат причината за нападот и моментално не даваат дополнителни детали за мотивот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турција: НАТО не е должен да им помогне на САД во војната со Иран

C +

Почина советникот на ајатолахот Али Хамнеи

C +

Војската на улиците, градот празен; Исламабад ги чека историските преговори

C +