Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПАДНА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ: Кривична пријава за мажот кој насилно упадна во студиото на “Инфомакс”

Поднесена кривична пријава против лицето кое насилно упадна во студиото на “Инфомакс”, одреден притвор.

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.

Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата Инфомакс и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +