Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје почна со обновување на јавните површини во центарот

Град Скопје соопшти дека продолжува со интензивни активности за обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент, со фокус на централното градско подрачје. Од Градот наведуваат дека се работи на локации што со години биле занемарени и без основно одржување со цел да им се врати функционалноста, безбедноста и достоинствениот изглед.

Според соопштението, градските служби координирано интервенираат на простори што секојдневно ги користат илјадници граѓани и посетители.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи информира дека деновиве интензивно се работи на сите страни во градот. Тој наведе дека на плоштадот Македонија се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време не функционираа повторно се враќаат во употреба, а пристапните патеки ќе добијат уреден изглед.

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека активностите се спроведуваат „за нас, но и за сите гости што секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК