Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Ваучери за 15 илјади лаптопи се уште не се искористени, а останаа уште само десет дена за аплицирање

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

– Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

Потсетуваме дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година, велат од МДТ.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Министерството за дигитална трансформација и VISA потпишаа Меморандум за соработка

C +