Centar.mk
СВЕТ

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа по ескалацијата на граничните судири меѓу двете азиски земји, објавија локалните медиуми во Камбоџа.

Камбоџанскиот весник „Кмер тајмс“, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека авиони „Ф-16“ фрлиле најмалку две бомби врз села во покраината Минчи, на границата со Тајланд. Нема веднаш извештаи за жртви.

Медиумот пренесува дека тајландските авиони летале уште над неколку други подрачја во Камбоџа, покрај копнените и морските напади за кои нема повеќе информации. Тајланд сè уште не го коментира соопштението.

Претседателот на Сенатот на Камбоџа и долгогодишен шеф на земјата, Хун Сен, изрази загриженост, но ја пофали војската бидејќи „храбри и цврсто се одбранила“, пишува „Кмер тајмс“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +