Centar.mk
БИЗНИС

Трамп ѝ даде зелено светло на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција на Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе му дозволи на технолошкиот гигант „Нвидија“ да ги продава своите напредни чипови за вештачка интелигенција H200 на „одобрени клиенти“ во Кина. Оваа одлука претставува значаен пресврт во американската политика и доаѓа по месеци геополитички тензии меѓу Вашингтон и Пекинг околу пристапот до клучни технологии, пишува Би-Би-Си.

Трамп ја објави својата одлука во понеделник на социјалните мрежи. „Ќе ја заштитиме националната безбедност, ќе создадеме американски работни места и ќе го одржиме американското лидерство во вештачката интелигенција“, рече тој.

Лобирање и претходни обиди

Одлуката, која ќе важи и за други американски компании како што е AMD, следеше по интензивното лобирање од страна на извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, кој беше во Вашингтон минатата недела. Nvidia, водечкиот светски производител на чипови и највредната компанија во светот, беше во центарот на трговски спор и ѝ беше забрането да ги продава своите најнапредни чипови на Кина. Трамп веќе ја укина забраната во јули, но потоа побара Nvidia да ѝ плати на американската влада 15% од приходите од Кина, на што Пекинг наводно одговори со тоа што им нареди на своите технолошки компании да престанат да купуваат чипови на Nvidia.

Nvidia ја поздравува одлуката
Nvidia ја поздрави најавата на Трамп. „Ја поздравуваме одлуката на претседателот Трамп да ѝ дозволи на американската индустрија за чипови да се натпреварува во поддршката на високо платени работни места и производство во Америка“, се вели во соопштението за BBC News. „Нудењето на H200 на одобрени комерцијални клиенти, проверени од Министерството за трговија, постигнува промислена рамнотежа што е одлична за Америка“, се додава.

Хуанг изјави за BBC во септември дека САД треба да „осигураат дека луѓето ширум светот, вклучително и Кина, можат да пристапат до оваа технологија“. Тој, исто така, предупреди дека Кина, која развила свој екосистем за производство на чипови, ги достигнува САД во развојот на технологијата. Акциите на компанијата малку пораснаа по најавата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Новиот шеф на „БМВ“ е Србин, роден во Крушевац

C +

Златото на силни темели во 2026 – растот можен, но не и загарантиран

C +

УЈП: Секоја четврта контрола со утврдена неправилност за неиздавање на фискални сметки – изречени 2.500 глоби, како и забрана на дејност на 113 даночни обврзници

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.