Centar.mk
фото Владина прес служба
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

– И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме, ги слушнавме ставовите на родителите, тие коишто земаа збор. Ги слушнавме, исто така, дискусиите на дел од организациите како „Супорт Кочани“, „Кој е следен“, и дел од дискусиите на некои од пратениците, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска.

– Така што, еве за да не биде дека ќе успеат континуираните лаги на опозицијата да станат вистина, како по обичај, сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква.

Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние коишто ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, до оние кои се повредени од овој трагичен настан.

Ние како држава ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна, и се разбира сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили, рече Мицкоски.

фото Владина прес служба

Можеби ќе ве интересира

Брутален грабеж среде бел ден во Охрид – жртва 82-годишен маж, кому арамијата му влегол дома и му го зел паричникот со сите пари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2026 година продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, намалување на буџетскиот дефицит и подобар животен стандард

ДЕСК

Филипче: Власта пренаменува 780 милиони од одбрана, спротивно на препораките на САД

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.