Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта,

Соопштение на Град Скопје:

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта, следејќи ја визијата за создавање здрави, активни и мотивирани генерации. Инвестициите што се реализираат во моментов претставуваат важен чекор кон обезбедување современи услови за спорт и рекреација, кои ќе им овозможат на средношколците повеќе можности за развој, дружење и градба на спортски навики.

Со поставување фокус на квалитет, безбедност и функционалност, новите и реконструираните терени стануваат директна инвестиција во иднината на младите и темелот на посилно и поенергично Скопје.

Во прилог Ви ја доставуваме изјавата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски:

Нови и модерни спортски терени добиваат средните скопски училишта

Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно.
Со силна и јасна цел да ги мотивираме средношколците да живеат здраво, ставаме огромен фокус во инвестирањето во спортската инфраструктура.
Ова е инвестиција во здрави генерации кои се темелот на нашата иднина.

Во моментов се во реализација нови и реконструирани спортски терени, во училишта:

СУГС „Браќа Миладиновци“ – повеќенаменско спортско игралиште.
СУГС „Здравко Цветковски“ – повеќенаменско игралиште со специјално уредени спринт-патеки.
СУГС „Димитар Влахов“ – ново фудбалско и кошаркарско игралиште.
СУГС „Кочо Рацин“ – фудбалско игралиште, терен за одбојка и целосно реконструиран под во спортската сала.
СУГС „8 Септември“ – игралиште за кошарка и одбојка.
СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште.

Сите овие терени се градат со високо-квалитетни и издржливи материјали, односно полипропиленски спортски подови од ист тип како оние што се користеа на Летните Олимписки игри во 2024 година.
Ова е стандарден избор кога се сака безбедност, издржливост и професионални услови за тренинг.

И тука не застануваме.

Спортот е навика, дисциплина, карактер и тимска работа.

Затоа, во континуитет ќе продолжиме да ја развиваме и унапредуваме спортската инфраструктура низ целото Скопје.

Затоа што Скопје заслужува.
А младите, повеќе од било кој.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод Скопје со известување до граѓаните за работното време за време на празниците

ДЕСК

Важни информации за возниот ред од ЈСП Скопје кој започнува со стартот на 2026-та година

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје – Европска престолнина на културата 2028

C +