Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Власта пренаменува 780 милиони од одбрана, спротивно на препораките на САД

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека пренамената на 780 милиони денари од Буџетот од ставката за модернизација на одбраната, претставува директно нарушување на НАТО-стандартите и јасно отстапување од препораките на САД.

„Со ова намалување на парите за модернизација на одбраната ние не го задоволуваме НАТО стандардот за соодветен процент на пари кои што треба да се инвестира во тој дел на одбраната. Се поставува прашањето дали праќаме сигнал дека ние не сме кредибилен партнер во рамките на НАТО во време кога американската администрација инсистира да процентите од буџет во одбраната се зголемат, а ние го намалуваме. И тоа значи дека се загрозува нашето партнерство со САД“ , изјави Филипче.

Тој истакна дека ова е уште една потврда дека Буџетот е лошо планиран, нереформиран и не ги отсликува потребите на државата и граѓаните.

„Едноставно сметам дека овој буџет е креиран да во ниедна смисла не служи за доброто на граѓаните во државата“, додаде Филипче.

На прес-конференцијата,Филипче посочи дека Буџетот не само што е спротивен на безбедносните стандарди, туку и дека воопшто не е развоен и не обезбедува ниту поддршка за најранливите категории.

„Овој буџет не е социјален и не се грижи за граѓаните. Нема зголемување на платите,за многу ранливи категории буџетите се намалени за следната година, и на крајот многу мала ставка има за капиталните инвестиции. Овој буџет не е подготвен да се соочи со криза. Ако дојде до било каква криза во државава едноставно ќе нема пари за ништо“, нагласи Филипче.

Притоа, тој предупреди дека буџетската дупка за тековната година е веќе, со владата ја турка државата во ново задолжување.

„Веќе оваа тековна година владата ја завршува со дупка со минус од милијарда евра. Каде ќе ги најдат тие пари? Ќе следи дополнително задолжување веќе почнаа да земаат кредити од банките“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Брутален грабеж среде бел ден во Охрид – жртва 82-годишен маж, кому арамијата му влегол дома и му го зел паричникот со сите пари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2026 година продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, намалување на буџетскиот дефицит и подобар животен стандард

ДЕСК

Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.